Избрани најдобрите на младинскиот турнир

Екипата на Алкалоид стана шампион во младинска конкуренција откако го совлада Бутел Скопје со 23-22.

Беа доделени награди за најдобрите поединци на Ф4 турнирот. За МВП на турнирот беше прогласен Марко Митев од Бутел Скопје.

За најдобар голман прогласен беше Ѓорѓи Ерманоски од Алкалоид, додека најдобри стрелци на Ф4 турнирот беа Емилијан Ѓорговски од Еурофарм Пелистер 2 и Хари Павлов од Прилеп.

(фото-Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.