Извлекувањето на полуфиналните парови од Ф4 Куп на Македонија во машка и женска конкуренција ќе се одржи на 04.05.2023 (четврток) во 12:00 часот во просториите на Ракометната Федерација на Македонија.
Извлекувањето може да се следи на официјалниот YouTube канал на РФМ (https://www.youtube.com/watchv=kGYohxAKEf0&ab_channel=RFMHANDBALL).
Во машка конкуренција се екипите на Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Тинекс Пролет, додека во женска конкуренција се екипите на Вардар, Металург, Куманово и Ѓорче Петров.
(фото – РФМ)📷