Извлечени групите за Супер лигата

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги извлече групите во Супер лигата за претстојната сезона 2022/2023.

Во новата сезона ќе има 16 екипи поделени во две групи, група А и група Б, во двете групи ќе има по осум екипи.

Група А: Вардар 1961, Бутел Скопје, Охрид, Прилеп, Струга, Алкалоид, Вардар Неготино, Куманово

Група Б: Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Тинекс Пролет, Радовиш, Голден Арт, Јуниор Кисела Вода, Скопје 2020

Во регуларниот дел на Супер лигата ќе се одиграат вкупно 14 кола, а потоа следуваат плеј-офот и плеј-аутот.  

(фото-РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести