Извлечени натпреварувачките броеви за младинска, кадетска и пионерска машка лига за натпреварувачка сезона 2023/24

Во просториите на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) се одржа извлекување на натпреварувачките броеви на клубовите учесници во младинска, кадетска и пионерска машка лига за натпреварувачка сезона 2023/24.

Младинската машка лига ќе брои 13 екипи, а натпреварите ќе се играат по еднокружен бод систем во 26 кола.

Учесници во младинска машка лига се: Рк Голден Арт, Рк Еурофарм Пелистер 2, ГРК Охрид, Рк Бутел Скопје, Рк Вардар 1961, Рк Тинекс Пролет, Рк Еурофарм Пелистер, ГРК Тиквеш 2014, Рк Младост 1977 Богданци, Рк Алкалоид, Рк Мулти Есенс, ГРК Овче Поле 1958 и Рк Прилеп.

Кадетската лига ќе брои 25 екипи, кои ќе бидат поделени во три групи. Ф4 турнирот ќе се одигра во мај следната година.

Група А: ГРК Охрид, Рк Еурофарм Пелистер, Рк Скопје 2020, Рк Кузман Вардар, Рк Тинекс Пролет, Рк Струга, Рк Преспа Вардар, Рк Прилеп

Група Б: Рк Партизан Гевгелија, Рк Вардар 1961, ГРК Тиквеш 2014, Рк Голден Арт, Рк Вардар Неготино, Рк Мулти Есенс, Рк Младост 1977 Богданци, Рк Еурофарм Пелистер 2

Група В: Рк Бисинов Фруит Ленд, МРК Куманово, Рк Македонија Ѓорче Петров, Рк Алкалоид, Рк Радовиш, Рк Бутел Скопје, Рк Аеродром, ГРК Борец, Рк Астраион

Пионерската екипа оваа сезона ќе има 28 екипи, кои се поделени во три групи по десет екипи.

Група А: Рк Вардар 1961, Рк Јуниор Кисела Вода, ГРК Охрид, Рк Мулти Есенс, Рк Асови Кичево, Рк Динг 2021, Рк Еурофарм Пелистер 2, Рк Струга, Рк Голден Арт

Група Б: Рк Голден Арт 2, Рк Скопје 2020, ГРК Тиквеш 2014, Рк Младост Јуниори, Рк Еурофарм Пелистер, Рк Вардар Неготино, Рк Прилеп, Рк Алкалоид, Рк Илинден Вардар

Група В: Рк Македонија Ѓорче Петров, Рк КЛ7 Свети Николе, Рк Тинекс Пролет, Рк Астраион, Рк Бутел Скопје, Рк Текстилец, Рк Аеродром, Рк Бисинов Фруит Ленд, Рк Радовиш, МРК Куманово

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести