Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ), беа извлечени полуфиналните двојки за Ф4 турнирот во Лигата на Европа во машка конкуренција.
Во првото полуфинале ќе играат екипите на Монпелје и Фуксе Берлин, додека во второто полуфинале ќе играат екипите на Грањолерс и Гепинген. Ф4 турнирот ќе се одржи на 27 и 28 мај во Фленсбург (Германија).
(фото – ЕХФ)📷