Извлечени противниците на женските тимови од Македонија за Европскиот Куп

Денеска беа извлечени двојките за второто коло од Европскиот Куп во женска конкуренција.

Во Европскиот Куп, Македонија ќе има четири претставници, а тоа се екипите на Металург, Чаир, Куманово и Ѓорче Петров.

Чаир за противник го доби тимот на Истогу од Косово, Металург го доби ПАОК од Грција, Куманово го доби тимот од Израел, Макаби Аразим, додека тимот на Ѓорче Петров за противник ја има екипата на КА Пор од Исланд.

Европски Куп (жени) 2 коло:

Ѓорче Петров – КА Пор (Исланд)
ПАОК (Грција) – Металург
Истогу (Косово) – Чаир
Куманово – Макаби Аразим (Израел)

(фото-ЖРК Металург)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.