Извлечени се групите во Купот на Македонија

Во просториите на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) беше извршена ждрепката за групната фаза од Купот на Македонија.

Екипата на Вардар е во група со екипите на Бутел Скопје, Мулти Есенс и Еурофарм Пелистер 2, додека Алкалоид е во група со Радовиш, Македонија Ѓорче Петров и Тинекс Пролет.

Тимот на Охрид е во група со Тиквеш, Куманово и Младост Богданци, а Еурофарм Пелистер е во група со Прилеп, Драчево Јуниор и Струга.

Куп на Македонија (мажи), групна фаза:

Група А:
Рк Бутел Скопје – Рк Вардар 1961
Рк Мулти Есенс – Рк Еурофарм Пелистер 2

Група Б:
Рк Тинекс Пролет – Рк Македонија Ѓорче Петров
Рк Радовиш – Рк Алкалоид

Група В:
ГРК Тиквеш 2014 – ГРК Охрид
МРК Куманово – Рк Младост 1977 Богданци

Група Г:
Рк Струга – Рк Еурофарм Пелистер
Рк Прилеп – Рк Драчево Јуниор

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *