Во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за четвртфиналните групи во машка конкуренција во Купот на Македонија.
Вкупно се 16 екипи поделени во четири групи. Ќе се игра полуфинале, па финале и победникот ќе обезбеди место на завршниот турнир во Купот на Македонија.
Трофејот од минатата сезона го брани тимот на Вардар, кој во финалето беше подобар од Еурофарм Пелистер.
Куп на Македонија (мажи) четвртфинални групи:
Група А:
Рк Јуниор Кисела Вода – Рк Вардар 1961
Рк Металург – ГРК Тиквеш 2014
Група Б:
Рк Бутел Скопје – Рк Скопје 2020
Рк Струга – Рк Аеродром
Група В:
Рк Драчево – ГРК Охрид
Рк Алкалоид – Рк Еурофарм Пелистер
Група Г:
Рк Тинекс Пролет – Рк Еурофарм Пелистер 2
Рк Прилеп – Рк Голден Арт
(фото-РФМ)📷