Илија Илијевски е нов ракометар на Еурофарм Пелистер 2

Новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 има нов десен бек за сезоната 2025/26. Клубот ја следи својата стратегија млади македонски ракометари да го сочинуваат костурот на тимот. Во тој правец потпиша договор на четири години со еден од најголемите таленти на својата позиција во нашата земја.

Илија Илијевски се обврза на соработка во клубот до јуни 2029 година. Се работи за 15-годишно момче, веќе високо 202 сантиметри, со огромен простор за напредок. Во Битола доаѓа од неговиот матичен клуб Вардар Неготино.

Новиот „џин“ во ростерот на Еурофарм Пелистер 2 ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *