Екипата на Тинекс Пролет на својот клупски вебсајт потврди дека во продолжението од сезоната ќе има нов тренер.
Тренерот Алексо Лембанов си поднесе оставка од функцијата по шокантниот пораз од Вардар Неготино, но управата се уште нема донесено одлука дали истата да биде прифатена.
За да не бидат донесени брзоплети решенија, од тимот одлучија за истата да се дискутира за време на паузата поради ЕХФ неделата, а во меѓувреме тимот во Прилеп ќе го предводи Темелковски.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷