Интервју со генералниот секретар на Ракометната Федерација на Македонија, Влатко Тасевски

Продолжуваме со серијата на интервјуа, овој пат направивме интервју со генералниот секретар на Ракометната Федерација на Македонија, Влатко Тасевски.

1. Како е чувството и какви се амбициите како генерален секретар на Ракометната Федерација на Македонија?

  • Чувството е голема чест, но и огромна одговорност. Ракометот е еден од најважните спортови во Македонија и да се биде на позиција која директно влијае на неговиот развој е сериозна обврска. Моите амбиции се јасни – стабилна, модерна и европски ориентирана Федерација, која ќе работи професионално, транспарентно и во интерес на сите клубови, играчи и тренери.


2. Дали ќе се залагаш да се вложува повеќе во младите категории во ракометот?

  • Апсолутно. Без силни млади категории нема иднина. Наш фокус ќе биде системски развој на младинските селекции, подобра едукација на тренерите, поголем број турнири, кампови и континуитет во работата со таленти. Сакам Македонија повторно да биде препознатлива како земја што создава врвни ракометари, а не само да живее од поединечни генерации.

3. Кои се твоите планови како генерален секретар на Ракометната Федерација на Македонија?

  • Плановите се поделени во неколку насоки: Јакнење на организациската структура на Федерацијата, подобра комуникација со клубовите, поддршка на судиите, тренерите и стручниот кадар, дигитализација и модернизација на процесите, подобра промоција на ракометот во јавноста, јасна стратегија за националните селекции. Целта е Ракометната Федерација да биде сервис за ракометот, а не институција затворена во себе.

4. Дали во иднина Македонија би имала можност да биде домаќин на машко Европско или Светско првенство?

  • Реално, самостојно е тешко, но во коорганизација со соседни земји – апсолутно да. Македонија има публика, традиција и ракометна култура. Со подобра инфраструктура и силна организација, можеме да бидеме сериозен партнер за вакви големи настани. Тоа би било огромен импулс за спортот, туризмот и имиџот на државата.

5. Што ќе кажиш за крај на интервјуто?

  • Би порачал дека ракометот е заедничка приказна. Само со единство, почит и заедничка визија можеме да го вратиме таму каде што припаѓа – во европскиот и светскиот врв. Јас сум подготвен да работам, да слушам и да се борам за македонскиот ракомет.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *