Интервју со Горан Ѓоргоноски, основачот на школата Ракомет За Секое Дете

Основачот на школата Ракомет За Секое Дете Горан Ѓоргоноски за интервјуто изјави:

  1. Деновиве се одржа првиот предновогодишен турнир од школата Ракомет За Секое Дете, дали сте задоволни?
  • Имајќи предвид дека проектот Ракомет за секое дете релативно е млад, стартуван во септември 2021 година, треба и мора да бидеме задоволни како се развива. Секако дека има работи кои бараат време за да се постават на вистинското место. Што се однесува за самиот настан, реакцијата на децата и нивните родители во многу кажува за тоа како поминал самиот настан, и иако секогаш може подобро премиерното издание беше на завидно ниво организирано.

2. Дали овој турнир ќе продолжи и во иднина и дали очекувате школата да се прошири во повеќе градови?

  • Турнирот ќе продолжи да се организира, и како настан пред новогодишните празници но и како начин на организирање на децата од нашите школи почесто да играат натпревари меѓу себе. Ние сме отворени за соработка во делот на проширување на школата во други градови и во моментов размислуваме за отворање на нови школи низ државата.

3. Во кој градови постои школата Ракомет За Секое Дете?

  • Во моментов школата функционира во повеќе општини на територија на Град Скопје, како што се Карпош, Кисела Вода и Аеродром, Велес и Битола.

4. Дали добро се вложува во спортот, ракометот во Македонија?

  • Ракометот е полуларен во нашата држава и откако сум вклучен во него има луѓе кои сакаат да вложуваат. Тоа беше случајот со Металург изминатите дваесетина години, Вардар од осамостојување константно инвестира повеќе или помалку, Еурофарм Пелистер последните години, има луѓе кои многу инвестираат и секако дека не смееме да ги заборавиме Охрид, Бутел, Пролет, па се до Тиквеш и Голден Арт како најсвежи примери за компании, општини или индивидуалци кои инвестираат во истиот. Начинот и правецот во кој се движат и во кој инвестираат е друга тема и тука дел од клубовите треба да направат корекции.

5. Што мислите за репрезентацијата за настап на Европското Првенство, и на кое место очекувате да има пласман Македонија?

  • Македонија има млада екипа надополнета со неколку искусни репрезентативци кои имаат значајни улоги во екипи од најсилните лиги во Европа, има група која може и треба да ја помине, со јасна цел да се победи Словенија на првиот натпревар од ЕП кое ќе се игра во Унгарија и Словачка. Овој тим ги има сите услови кои се потребни за да ја оставари целта. Гледаме дека сите репрезентации имаат проблеми со ростерот, и за да дадеме некаква конкретна прогноза ќе треба да почекаме уште неколку дена да се разбистрат составите, како на нашата селекција така и на останатите.

(фото-Рк Ракомет За Секое Дете)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести