Интервју со Емилијана Ризоска, од ЖРК Феникс АМС

Емилијана Ризоска е ракометарка на ЖРК Феникс АМС, која има 16 години и игра на позиција лев и среден бек во Феникс.

1. На колку години започна да тренираш ракомет?

  • Започнав да тренирам ракомет на 13 години во Феникс АМС.


2. Какви се амбициите во Феникс за во Суперлигата?

  • Како млад и амбициозен тим, целта ни е да напредуваме и собираме искуство за предизвиците во иднина. За понатаму со повеќе искуство и да бидеме и на горниот дел од табелата.


3. Како се чувствуваш во дресот на репрезентацијата на Македонија?

  • Се чувствувам многу среќна и исполнета кога го носам дресот на репрезентацијата на Македонија. И очекувам да имаме добри резултати во иднина и голема подршка од публиката.


4. Дали добро се вложува во спортот, ракометот во Македонија, и дали добро се вложува во Феникс?

  • Во репрезентацијата се вложува многу добро, имаме одличен систем и услови за работа и за напредување. Во Феникс имаме квалитетен тренажен процес, и големи учества на разни турнири надвор од Македонија и организирање на меѓународниот турнир Феникс Куп.


5. Што ќе кажиш за крај на интервјуто?

  • За крај ви благодарам на интервјуто, и сметам дека имаме потенцијал за многу успех на репрезентативен и клубски план на женскиот ракомет на Македонија. Сите да продолжат да следат ракомет и да спортуваат да не се откажуваат.

(фото – Инстаграм/Емилијана Ризоска)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести