Интервју Марија Анчева

Интервју со Марија Анчева,од ЖРК Астибо

Марија Анчева е ракометарка на ЖРК Астибо од Штип, игра на позицијата лев бек.

1.Во новата сезона во дресот на штипскиот клуб ЖРК Астибо,од каде идеја за промена на средината?
Идејата ни беше заедно со тренерот Дејан Величков,кој пред 5 години ни беше тренер на претходниот клуб Кожувчанка,кој за жал веќе не постои поради недостиг на финансии,затоа решивме оваа година да го оживееме женскиот ракомет во Штип после долго време пауза.

2.Прва година во суперлига,дали клубот има спонзори,добри финансии за во суперлигата?
Клубот е нов и сеуште немаме многу спонзорства,но се надевам со тек на време дека се ќе биде во најдобар ред секако со помош на нашиот труд и дисциплина.

3.Кој е тренер на екипата и какви се амбициите во новата сезона и во суперлигата?
Тренер на екипата ќе биде Дејан Величков,а јас ќе бидам помошник тренер истовремено и играч.Амбициите ни се да останеме во суперлигата и да покажеме добри игри кои верувам дека ќе ги има многу.

4.Дали клубот во иднина би имал и неколку засилувања?
Во иднина сакаме клубот да го подигнеме на повисоко ниво.Работиме со помладите категории кои во иднина треба да бидат носител на екипата заедно со неколку засилувања.

5.Што ќе кажиш за крај на интервјуто?
За крај на интервјуто сакам да ви се заблагодарам за одвоеното време и внимание и посакувам на сите успешен почеток на новата сезона.

(фото-Инстаграм/Марија Анчева)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести