Претседателот на Рк Вардар 1961, Михајло Михајловски, за интервјуто изјави:
1. Колку години сте во вардаровото семејство?
- Во Рк Вардар 1961 сум минимум 30 години како спонзор, потоа тимот го презеде Сергеј Самсоненко, па пред три години го презедов јас како претседател на тимот, и оваа веќе е трета година, каде што вложувам во Вардар 1961.
2. Дали и оваа сезона Вардар 1961 оди на освојување на двојните круни во Супер лигата и Куп трофејот?
- Вардар 1961 секогаш атакува на високи пласмани, така ќе биде и оваа сезона,, во која единствен конкурент ние тимот на Еурофарм Пелистер.
3. Освен во домашното првенство, Вардар 1961 ќе настапува и во СЕХА лигата, ќе атакува македонскиот тим и на титула во СЕХА лигата?
- СЕХА лигата ќе почне за две недели, имаме добра група и добри противници, како ППД Загреб, Партизан и Татран Прешов. Очекувам Вардар 1961 да игра на Ф4 турнирот, а за титулата ќе биде тешко, затоа што и во другата група има исто така добри противници, но ќе се обидеме.
4. Што значи Вардар 1961 за вас?
- Вардар 1961 ми е како дел од семејството, го сметам така и така и ќе остане понатаму.
5. Кои се и какви се идните планови на Вардар 1961, и дали е тешко да се вложува во клуб како Вардар 1961?
- Па видете идните планови на Вардар 1961 се тимот да игра во Лигата на шампионите. Јас имав средба со претставници од ЕХФ и беше разговарано оваа сезона Вардар 1961 да биде шампион, Сергеј Самсоненко да ги доисплати долговите кон ракометарите, и од ЕХФ да ни доделат валјд карта. Еве веќе се засиливме со Аларов и Јагуриновски, потпишани ни се Андреев и Цехте, кои се на позајмица. Па видете не е тешко, но кога сте почнале нема престанување.
(фото – Денис Дуковски/Рк Вардар 1961)📷