Интервју со ракометарката на ЖРК Чаир, Леонора Рахмани

Продолжуваме со серијата на интервјуа, овој пат направивме интервју со ракометарката на ЖРК Чаир, Леонора Рахмани.

1. Колку години настапуваш во дресот на Чаир?

  • Најпрвин ви благодарам за интервјуто и за интересот што го покажавте за мене. Кариерата ја започнав во клубот Чаир и поминаа 11 години откако играм за овој тим, не можам да негирам дека овој клуб не е мојот дом бидејќи тука сум израсната.

2. Дали и следната сезона остануваш во екипата на Чаир?

  • За оваа тема се уште е рано да се даде конкретен одговор, засега најважно е да го завршам првенството успешно, без повреди и да дадам најголем придонес за мојот клуб, другото останува да ce види.

3. Дали си задоволна од условите во тимот?

  • Задоволнa сум од условите на клубот и исправноста што ја имаат од секој аспект и ми се допаѓа што секоја сезона оставаат простор за подобрувања.

4. Беше на поширокиот список за репрезентацијата, очекуваш понатаму прв твој настап?

  • Повикот на Македонија би бил добредојден од моја страна доколку оценувањето е коректно за мојот квалитет.

5. За крај на интервјуто што ќе изјавиш?

  • Останете активни и здрави! Најдете време за спорт и други забавни активности во кои уживате. Не само што ќе ве одржи физички, туку и ќе го зголеми вашето расположение и ќе го подобри вашатo ментално здравје. Избегнувајте лоши навики кои долгорочно можат да му наштетат на вашето здравје. Запомнете, малите здрави избори секој ден можат да доведат до големи резултати! Апелирам до сите млади да спортуваат, да се занимаваат со различни активности и да се тргнат од лошите навики.

(фото – Фејсбук/Леонора Рахмани)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.