Интервју со ракометарот на Рк Алкалоид, Иван Галевски

Продолжуваме со серијата на интервјуа, овој пат направивме интервју со ракометарот и голман на Рк Алкалоид, Иван Галевски.

1. На колку години ја започна ракометната кариера, и кој беше твој прв клуб?

  • Започнав да тренирам ракомет на 10-годишна возраст во клубот ХЈС Работник предводен од Александар Зарков и Иван Марковски.

2. Од оваа сезона си во Алкалоид, какво е чувството да играш во млад тим составен од македонски ракометари?

  • Во овој млад тим секој си ја знае својата задача и ја извршува на најдобар можен начин. Можеби млади и неискусни, но со голема желба за давање максимум на секоја утакмица.

3. Со Алкалоид остваривте добар пласман се пласиравте во Лигата на Европа, какви противници очекуваш?

  • Како што знаеме Лигата на Европа е второ по ранг европско натпреварување. Играат екипи кои веќе со години се на европската сцена. Секоја утакмица ќе биде тешка, но очекувам позитивни резултати.

4. Како е чувството тренираш под водство на поранешниот македонските репрезентативец Кире Лазаров?

  • Кире Лазаров е име во светскиот ракомет и има што да се научи од него. Секој тренинг е простор за учење на нови работи.

5. Како за крај на интервјуто што ќе изјавиш?

  • Останете здрави и искористете го времето за одмор овие неколку недели.

(фото – Рк Алкалоид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести