Продолжуваме со серијата на интервјуа, овој пат направивме интервју со ракометарот на Рк Еурофарм Пелистер 2, Бојан Гичев.
1. На колку години започна да тренираш ракомет и кој е твој прв клуб?
- Започнав да тренирам на мои 11, 12 години но не беше сериозно. Сериозно почнав пред само 3 години односно на мои 15.
2. Од минатата сезона си во Еурофарм Пелистер 2, какви се условите?
- Условите се многу добри, мое мислење едни од подобрите во Македонија.
3. Дали во новата сезона ќе се атакува на подобар пласман?
- Во новата сезона цел е враќањето во Супер лига.
4. Дали би сакал да настапуваш за сениорската репрезентација на Македонија?
- Секако дека да, на кого не би му била желба да ја претставува својата држава на таков начин.
5. За крај што ќе изјавиш за интервјуто?
- Ви благодарам за интервјуто.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷