Хари Павлов кој има 19 години и настапува на позицијата десен бек, во новата сезона има нов клуб во Австрија, а тоа е екипата на Ферлах, тој за интервјуто изјави:
1. На колку години започна да тренираш ракомет?
- Доста касно започнав со ракомет, на неполни 16 години.
2. Во новата сезона имаш нов клуб во Австрија, Ферлах, како е чувството да си надвор од Македонија?
- Чувствував дека ми е потребен предизвик за да го достигнам нивото кое го посакувам, и се решив за австрискиот ракомет. Можам да кажам дека е одлично, тренажниот процес и условите се како во најдобрите клубови во Eвропа, а за тоа заслужен е тренерот поранешен репрезентативец на Македонија, Ристо Арнаудовски.
3. Каков е ракометот во Австрија, спрема ракометот во Македонија?
- Не можам да дадам конкретен одговор на ова прашање, сеуште сум нов не ја познавам добро австриската лига, но можам да кажам дека е една од најдобрите во светот. Македонскиот ракомет сепак го има двократниот европски првак Вардар 1961, Еурофарм Пелистер кој прави голем подвиг овие години и новиот суперлигаш Алкалоид, можам да кажам дека доста ќе се подигне нивото на македонскиот ракомет.
4. Дали добро се вложува во спортот, ракометот во Македонија?
- Секогаш можело и подобро.
5. Дали очекуваш да имаш повик во младинските репрезентации?
- Веќе имам 19 години, и не можам да настапувам за младинските категории, но следен предизвик е сениорската репрезентација, во која секој професионален ракометар би сакал да заигра и да гине за македонскиот дрес.


(фото – Инстаграм/Хари Павлов)📷