Ракометарот на ГРК Тиквеш 2014, Страхиња Симиќ кој игра на позицијата среден бек за интервјуто изјави:
1. Колку сезони си во екипата на Тиквеш?
- Оваа е моја втора сезона во екипата на Тиквеш од Кавадарци.
2. Дали и следната сезона остануваш во тимот на Тиквеш?
- Не знам уште, со екипата на Тиквеш имам договор до крајот на сезоната, ќе видеме што ќе се случи. Уште не донесов одлука каде ќе играм следната сезона. Секако добра опција е ако останам во екипата на Тиквеш.
3. На кое место очекуваш Тиквеш да биде во плеј-офот?
- Направивме голем успех со влезот во плеј-оф во момент кога македонската лига е многу силна, можеби и најсилна во последните неколку години. Мислам дека борбата ќе биде за 3. или 4. место нешто што може да испишеме историја со клубот. Секако немаме никаков притисок и од причина очекувам да играме повеќе од регуларниот дел.
4. Фаворит за освојување на Супер лигата?
- Вардар 1961, ама не исклучувам опција да Еурофарм Пелистер им ги помрси сметките.
5. Дали добро се вложува во ракометот,спортот во Тиквеш и Македонија?
- Треба да се продолжи да се вложува во клубовите, да се задржи и да се подигне квалитетот на ракометот. На добар пат е и ме радува што секоја сала оваа сезона е полна, без разлика што уште се бориме со короната. Тиквеш од година на година е сериозен и најсериозен, подигнува ниво и скала, што говорат резултатите. Сметам дека Тиквеш ќе покажи уште доста работи во македонскиот ракомет во наредниот период.

(фото-Инстаграм/Страхиња Симиќ)📷