Сара Богојеска е ракометарка на ЖРК Деспина, која има 16 години и игра на позиција лев бек.
1. На колку години започна да тренираш ракомет?
- Започнав да тренирам на 10 годишна возраст.
2. Член си на екипата на Деспина какви се амбициите на клубот,и на кое место ја гледаш Деспина на табелата од Суперлигата?
- Моментално сме трети во групата, но ние сме една млада екипа која ветува многу и која се стреми да котира високо на табелата.
3. Беше дел од кадетската репрезентација која учествуваше на шампионат и го освои шампионатот како се чувствуваш да учествуваш на таков шампионат?
- Ми беше чест и задоволство да бидам дел од еден таков шампионат. Гордост е да се бранат боите на нашата земја и секако тоа претставува мотивација за уште понапорно да тренирам и на секој натпревар да се покажам во најдобро светло.
4. Дали според тебе добро се вложува во спортот,ракометот во репрезентацијата, во светот, и во Деспина?
- Според мене вложувањето во женскиот ракомет во нашата држава и општо во Деспина во споредба со оние од светскиот ранг не се толку стимулативни.
5. Дали би сакала во иднина да заиграш за некој поголем клуб и кој би бил тоа?
- Како и секој млад играч така и јас имам желба да бидам дел од некој светски клуб. Моментално мојот фаворит е Ѓер.
(фото – Инстаграм/Сара Богојеска)