Интервју со тренерот на Аргир (ИА), Борче Марковски

Борче Марковски кој работи како тренер на Фарските Острови, во новата сезона ќе има нов клуб, а станува збор за Аргир (ИА). Борче Марковски за интервјуто изјави:

1. Во новата сезона во нов клуб во ИА, како се чувствуваш?

  • Тука сум веќе две сезони, чувството е прекрасно да се живее и работи на овој остров. Оваа е мала и прекрасна држава која многу вложува во спортот.

2. Каков е животот на Фарски Острови?

  • Животот е многу поразличен од кај нас во Македонија. Што се однесува во делот на спортот нивниот пристап е аматерски, без притисоци, го гледаат како забава ама сакаат да учат и напредуваат во спортот.

3. Дали добро се вложува во спортот, ракометот во Фарски Острови?

  • Тука државата премногу вложува во спортот, имаат одлични услови за тренирање, затоплени сали, доволен број на игралишта, секое школо со сопствена сала и базен, фантастични услови за работа. Купуваат играчи од Данска и Исланд и имаат голем прогрес во изминатите неколку години.

4. Ако би имал услови дали би се вратил во Македонија во некој клуб?

  • Секако дека би се вратил еден ден, тренерската работа е таква, убаво е, би сакал да се вратам во Македонија. Да работам во клуб каде што нивните амбиции се засноваат на работа со млади и пред се наши ракометари од Македонија. Бидејќи само така ќе имаме ракометна иднина во Македонија.

5. По што се разликува Фарски Острови од Македонија?

  • Разлики има повеќе меѓу нашата Македонија и Фарски Острови. Еве неколку: во спортот нивниот пристап е аматерски, за разлика од кај нас каде сме професионалци за разлика од нив.
  • Тука животот е мирен, нивното секојдневие е релаксирано без нервози и притисоци за разлика од кај нас.

(фото-Фејсбук/Борче Марковски)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести