Никола Матлиески тренер на Рк Голден Арт за интервјуто изјави:
- Какви се амбициите во Голден Арт во Првата лига?
2. Дали според вас може Голден Арт да се пласира во Суперлигата?
- Секако дека има шанси, но искрено не сме многу оптеретени со тоа, одиме постепено и стално се подготвуваме натпревар по натпревар да бидеме се подобри и подобри.
3. Како ги гледате другите конкуренти во групата?
- Има неколку одлични екипи. Алкалоид на хартија е главен фаворит, Јуниор Кисела Вода е искусна екипа, Куманово и Аеродром се одлични екипи кој што имаат квалитет и не смеат да се потценат.
4. Дали добро се вложува во ракометот во Голден Арт,и во Македонија?
- Ракометот е спорт број 1, следствено на тоа вложувањата растат од година во година. Голден Арт е клуб со стабилен спонзор кој што сака да вложува во ракометот и во развојот на македонските играчи.
5. Според вас кој игра најдобар ракомет во Македонија и во светот?
- Според мене во Македонија најдобар ракомет игра Вардар, а во светот најдобар ракомет игра екипата на Киелце.
(фото – Рк Голден Арт)📷