Интервју со тренерот на Рк Алкалоид и селектор на женската репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски

Тренерот на Рк Алкалоид и селектор на женската репрезентација, и кординатор на женските младински категории Љубомир Савевски за интервјуто изјави:

1. Како е чувството после некое време пауза, да се вратите како тренер на Алкалоид и селектор на женската репрезентација на Македонија?

  • Пред се после 10 годишна пауза беше многу напорно. Скоро цело лето, 56 дена подготовки и европски првенства со младинките и кадетките, со само 4 дена слободни и ведна почеток со новоформираниот клуб Рк Алкалоид. Најголемо задоволство е што и двата проекти се изузетни и тоа ти дава голема желба за работа. Со кадетките направивме успех и обезбедивме две европски и едно светско првенство во за 2022 и 2023 година. Се надевам и со Алкалоид ќе имаме моменти за радост и задоволство.

2. Домаќини сме на Европско Првенство во женска сениорска конкуренција,каков пласман очекувате на Македонија?

  • Во процес сме на стварање на една нова репрезентација со десетина најдобри репрезентативки кои играат во странство и петнаесетина од домашното првенство. Јас имам визија како сето тоа да се убрза до стварање на една јака репрезентација која ќе може да парира на секој тим во наредните петнаесетина години. Мислам дека тоа ќе го покажеме и на Европското првенство.

3. Дали Алкалоид е фаворит за пласман во Супер лига?

  • Секако дека сме едни од најголемите фаворити. Најквалитетни сме и најмлади и неискусни. Мораме да бидеме уште поквалитетни и посигурни за да го надохнадиме неискуството. Ако успееме во тоа, а ќе работиме макотрпно, нема да има проблем.

4. Што ќе кажите за Македонија за настапот на Европското Првенство во Унгарија и Словачка?

  • Ова првенство требаше да се одигра во јуни, вака е крајно неповолно за репрезентациите, како нашата со мал број на искусни и висококвалитетни играчи. Сосем друга слика ќе беше да играа Лазаров, Манасков, Стоилов, Маркоски, а Митревски да го започнеше турнирот. Тогаш и младите охрабрени од асовите ќе покажеа многу повеќе. Јас летоска ги гледав четириесетина кадети и младинци и тврдам дека за кратко време ќе имаме една мошне надежна репрезентација. Можеби е време за комплетно подмладување, па и да не учествуваме на едно Европско или Светско првенство, а да се вратиме на голема врата.

5. Дали добро се вложува во спортот,ракометот во Македонија?

  • За вложувањето не би коментирал, но од секогаш имало добри вложувачи (заљубеници во спортот) и лоши вложувачи (чисти профитери). Јас би потенцирал две работи кој државата би требало да ги реши под хитно ако сакаме да имаме поквалитетен спорт. Првата е да секој спорт има квалитетен дом (ракомет, кошарака, фудбал, одбојка како другите колеткивни и други спортови), имаат своја сала (им се даде на користење долг период) каде националните селекции би имале одлични услови за работа и напредок. Втората, државата (ако сака вистински да помогне) да ги сноси сите трошкови за затоплување на салите за да имаме основни услови и да работиме во зимскиот период. Во 21 век да се тренира со капи а да се бара успех…

(фото-Рк Алкалоид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести