Миле Бочкаровски е тренер на Рк Металург РА, екипа која се натпреварува во Првата лига. Тренерот Миле Бочкаровски за интервјуто изјави:
1. Колку години си во Металург?
- Во Металург сум од 2017-2018 или 6 сезона најпрвин како помошник во младинската категорија на Оливер Димитриоски кој е и најголем виновник за да започнам во тренерските води.
Во овие 6 сезони сум соработувал до доста еминентни тренери кои биле и големи играчи од кој доста научив, а ке ги набројам Оливер Димитриовски, Данило Брестовац , Игор Котевски, Владимир Глигоров, Иван Марковски… и на кои сакам јавно да им се заблагодарам за одличната соработка . Исто така голема чест и задоволство ми е што сум дел од тимот на селекторот Лазаров. Јас како млад тренер , верувам дека преку соработката него ке научам многу затоа што е човек – енциклопедија за ракомет.
2. Кои се амбициите на Металург РА за во иднина?
- Металург РА е база на млади и талентирани играчи и како и претходно нашата мисија е стварање на нови млади играчи кој еден ден ке го носат репрезентативниот дрес на Македонија. Наша цел е влез во Супер лигата ама не по секоја цена т.е сакаме да влезиме со најсилната лига со наш производ, тогаш ние ке ја имаме во целост исполнето нашата мисија и цел.
3. Дали добро се вложува во спортот, ракометот во Македонија?
- Ова прашање често се наметнува и според мене недоволно се вложува во спортот а поготово во ракометот во Македонија . Ке направам една паралела општо во спортот во светот каде еден најплатен фудбалер годишно зема 225 милиони евра а најплатен ракометар околу 1.8 милион евра па јасно ке ни биди на сите која е разликата помеѓу спортовите. Да се навратиме во Македонија според законот за спорт секоја година од буџетот на Македонија се одвојуваат 10 милиони евра за сите спортови и федерации сума што според мене е премалку. Ние како држава целиме кон европската унија а таму точно со процент е определено колку треба да биде вложувањето во спортот и тоа би било скоро двојно ако не и повеке од сегашното одвојување од државата. Спонзорите што беа како плус за клубовите во ова време невреме со пандемијата од ковид престанаа со донирање и се тоа воопшто не оди во корист на спортот и ракометот и можам слободно да кажам дека се повеке клубови одвај врзуваат крај со крај во текот на сезоната.
4. Според тебе дали има иднина во ракометот во Македонија?
- ДА! Според мене има иднина во ракометот во Македонија. Имаме супер талентирани млади играчи а и да не заборавиме дека генерација 2004 освои злато во Летонија, додека сега се селектираат играчи за генерација 2006-2007 и 2008-2009 во који има одлични перспективни играчи. Мое мислење е дека сите македонски тренери треба да се ставиме во служба на репрезентациите и преку работа во клубовите и преку секојдневно споделување на информации за играчите.
5. Какво е чувството кога беше на терен, а какво е сега кога си тренер?
- Па искрено е сосема различно. Кога си играч ги слушаш насоките од тренерот и гледаш се тоа да го спроведиш на терен. Но од другата страна на аут линијата е сосема различно. Треба да внимаваш на секој најмал детал да ја знаеш моменталната ситуација за секој играч кој со какви проблеми се соочува бидејки работам со млади играчи кој во каква љубовна ситуација е па да ја сплотиш цела екипа да работи како еден. Накратко кажано прмногу комплицирана и тешка работа е да бидеш тренер.


(фото – Рк Металург РА)📷