Игор Котевски тренер на Рк Јуниор Кисела Вода за интервјуто изјави:
- Дали Јуниор Кисела Вода има шанси за пласман во Суперлига?
- Екипата е составена од искусни, добри, проверени играчи. Екипата е составена за да биде конкуретна и да се бори за пласман во Суперлигата.
2. Во вашата група имате конкуренти како Алкалоид, Голден Арт и останатите екипи, како ја гледате групата според вас?
- Јака група, добри екипи, сите си имаат свои рачуни и сите имаат шанси за Суперлига.
3. Дали според вас добро се вложува во спортот, ракомет во Македонија и во Јуниор Кисела Вода?
- Ракометот е спорт број еден во државата. Добро се финансира и во државата и во Кисела Вода. Имаме и помош од државата преку ваучерите и од градоначалниците во општините.
4. Какви се амбициите во клубот?
- Ние имаме желба да заиграме во Суперлига, да играме добар, убав за око ракомет и афирмираме нови млади играчи кој преку играње заедно со поискусните ќе го зголемат квалитетот на играта.
5. Дали екипата и управата е задоволна од успехот и работата на тренерот во Првата лига?
- За ова ќе мора да ги прашате членовите на управата. Јас сум задоволен од соработката со нив и се надевам ќе заврши се со среќен и успешен крај.
(фото – Рк Јуниор Кисела Вода)📷