Македонската јавност доби негативни вести, откако почина тренерот на Тинекс Пролет, Александар Јовиќ.
Александар Јовиќ е роден во Бјелина во Босна и Херцеговина. Тој во Македонија како играч настапуваше за Борец од Велес, Јафа Промет од Ресен, Вардар, Пелистер и Металург.
Јовиќ настапуваше и за репрезентацијата на Македонија, а како тренер ги водеше екипите на Металург 2 и првиот тим на овој клуб, Еурофарм Пелистер и во вториот тим на овој клуб и последен клуб му беше Тинекс Пролет.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷