Ракометот во Македонија и Струга завиен во црно, откако почина тренерот и спортскиот работник Сашо Србиноски.
Сашо Србиноски почина денеска ненадејно на 61-годишна возраст. Тој работеше како тренер на младинските категории во Струга, а и беше дел и од сениорскиот тим на клубот.
“Со длабока тага и болка ја примивме веста за прераната загуба на нашиот Сашо Србиноски, поранешен претседател, посветен тренер и голем спортски работник во РК Струга”, – објавија од Рк Струга на социјалните мрежи.

(фото – Рк Струга)📷








