Исидора Котевска го продолжи договорот со Атлетик

Средниот бек Исидора Котевска го продолжи договорот со екипата на Атлетик до 2029 година. 

Исидора Котевска е родена 11 април 2006 година во Прилеп. Својата ракометна кариера ја започнува во Прилеп, во ракометниот клуб Филип Вардар. Потоа продолжува со тренинзи во Ракометната школа Макалоски, а понатаму настапува за Деспина.

Својата кариера ја развива и во Ѓорче Петров, по што игра за Металург Автокоманда, а од оваа сезона е дел од Атлетик.

Во 2022 година го добива својот прв повик за кадетската репрезентација на Македонија, а во 2023 и 2025 година настапува како дел од младинската репрезентација на Македонија.

Потврдувајќи го својот континуиран напредок и квалитет во Атлетик, на заедничко задоволство клубот и Котевска го продолжија договорот.

(фото – ЖРК Атлетик)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *