Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите и делегатите за натпреварите од 3. и 4. коло од квалификациите за пласман на ЕП 2026 година.
Македонската судиска двојка Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе го судат натпреварот меѓу репрезентациите на Израел и Романија.
Натпреварот меѓу селекциите на Израел и Романија ќе се одигра на 13 март (четврток), со почеток од 21:00 часот во Краљево (Србија), во салата “Ибар”.
(фото – Фејсбук/Исмаил Металари)📷