Репрезентативката на Црна Гора, и поранешна ракометарка на Вардар, Итана Грбиќ се сели во францускиот тим Брест Бретањ.
Итана Грбиќ која има 25 години и игра на позиција среден бек, потпиша договор со екипата на Брест Бретањ на две сезони. Таа доаѓа од екипата на ФТЦ од Унгарија.
Претходно таа настапуваше и за Будуќност, ЦСМ Букурешт, Вардар и ФТЦ, а настапува и за репрезентацијата на Црна Гора.
(фото-ЖРК Брест Бретањ)📷