Претседателот на Светската Ракометна Федерација (ИХФ) Д-р Хасан Мустафа испрати писмо до РФМ за организацијата на кадетското Светско првенство.
Д-р Хасан Мустафа испрати честитки и до претседателот на РФМ г-дин Живко Мукаетов за успешната организација на кадетскиот Мундијал во женска конкуренција кој за прв пат во историјата се организираше со 32 земји учеснички, и додаде дека со нетрпение се очекува јуниорскиот Мундијал во женска конкуренција каде Македонија повторно ќе биде домаќин во 2024 година.
(фото-РФМ)📷