Селекторот на кадетската машка репрезентација Горан Кузманоски покрај повиканите ракометари го формираше и стручниот штаб.
Во стручниот штаб на кадетската машка репрезентација ќе бидат тренерите Ице Соколески и Митко Стоилов.
Ице Соколески е тренер на голманите во екипата на Еурофарм Пелистер, додека Митко Стоилов е тренер на Младост Богданци, а работи и со младинските категории на овој клуб.

(фото – Фејсбук/Ице Соколески/Рк Младост 1977 Богданци)📷