eurofarm pelister 2

И вториот тим на Еурофарм Пелистер ги започна подготовките

Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовките во салата Боро Чурлевски, за пролетниот дел од сезоната. Од неговиот стандарден ростер недостигаат репрезентативците БлагојчеТрајкоски и Цветан Кузманоски кој се со репрезентацијата на Европското првенство.

Тренерот на Еурофарм Пелистер 2 најави два теста со македонски суперлигаши на крајот на месец јануари. Цел на екипата останува пласман во плеј-офот, што по залихата која ја имаат од есенските кола треба да биде лесно остварлива.

„Денес ги започнавме подготовките и имаше уште шест кола од вториот дел на полусезоната. Треба добро да ги одработиме овие дваесеттина дена и спремни да ги дочекаме дуелите во кои треба да верификуваме место во плеј-офот. Мојата екипа на секој натпревар ќе игра на победа. Огромна сатисфакција и на клубот и нашето семејство е големиот број репрезентативци и на сите им посакувам успешно првенство, а на нашата селекција достојно претставување“, – изјави Александар Јовиќ.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести