Кадетите на Вардар 1961 собираа искуство на турнир во Валпово (Хрватска)

Подготвувајќи се за новата сезона кадетската екипа на Вардар 1961 настапи на меѓународен турнир во Валпово, Хрватска.

Иако подготовките за новата сезона само што почнаа, младите ракометари имаа можност да играа со врсници од Босна и Херцеговина и Хрватска и да видат што треба да се подобрува во нивната игра.

За оваа генерација на Вардар, родени 2006/2007 ова се важни меѓународни натпревари, пред се за здобивање искуство, но и за подбрување на играта. Резултатите беа во втор план бидејќи вардарци имаа и долг пат, и за два дена беа одиграни пет натпревари.

Со малку одмор меѓу натпреварите најважно беше да се одигра според одговореното и да се испробаат и некои нови работи. Сите ракометари добија шанса да покажат до каде се со формата.

Резултати од натпреварите во Валпово:

Слобода Тузла – Вардар 18-25

Вардар – Иван 22-24

Ругвица – Вардар 26-14

Вардар – Валповка 20-22

Вардар – Осијек 17-28

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести