Кадетите на Голден Арт го совладаа Куманово и го освоија турнирот “Карпош 2022”

Екипата на Голден Арт ја продолжува традицијата и низата на освојување турнири во млади категории и покажува најдобар начин како се обрнува внимание во создавање на млади македонски ракометари.

На турнирот “Карпош 2022” во Куманово и по повод “11 октомври”, кадетите на Голден Арт во финалето го совладаа тимот на Куманово со резултат 27-26 и го освоија турнирот.

Рисови го освоија третото место на турнирот, откако го совладаа тимот на Македонија Ѓорче Петров со резултат 31-12.

За најдобар играч на турнирот беше прогласен Марко Каркалашев од екипата на Голден Арт.

(фото – Рк Голден Арт)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести