Кадетите на Македонија загубија од Исланд, и ќе се борат за трето место на турнирот во Германија

Кадетите на Македонија загубија од кадетите на Исланд со резултат 30-27, и ќе се борат за третото место на турнирот во Германија.

На полувреме беше нерешено со 12-12. Во второто полувреме Исланд направи предност, и до крајот на натпреварот ја сочува предноста.

Најефикасни кај Македонија беа Субашевски со седум погодоци, додека Узунчев и Калајџиески имаа по пет погодоци.

Противник на Македонија за третото место ќе биде поразениот од натпреварот помеѓу Германија и Египет.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести