Машката кадетска репрезентација на Македонија го совлада и домаќинот Летонија со 33-23 на ЕХФ шампионатот.
Македонија на полувреме имаше високо водство од 21-12. Во второто полувреме кадетите на Македонија ја заверија победата против Летонија.
Најефикасен во составот на Македонија беше Тодор Узунчев со седум погодоци. Противник на Македонија во полуфиналето ќе биде селекцијата на Луксембург.
(фото-РФМ)📷