Кадетите на Македонија убедливи против Турција

Машката кадетска репрезентација на Македонија славеше против Турција со убедливи 34-19 на ЕХФ шампионатот во Летонија.

Македонија добро го започна натпреварот, па на пауза замина со резултат од 15-10. Во второто полувреме Македонија продолжи да го полни голот на Турција за убедлива победа на крај.

Најефикасен во составот на Македонија беше Александар Петковски со десет погодоци, додека во составот на Турција најефикасен беше Арда Јилдиз со осум погодоци.

(фото-РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.