Кадетите на Македонија беа подобри од кадетите на Холандија со конечни 27-21 на турнирот во Германија, и обезбедија полуфинале.
Селекцијата на Македонија успеа на полувреме да замине со водство од 11-8. Во второто полувреме продолжи добрата игра, за на крај Македонија да ја совлада Холандија.
Најефикасни во селекцијата на Македонија беа Мирче Калајџиоски со 11 погодоци, додека по четири погодоци имаа Узунчев, Субашевски и Белистојаноски.
(фото – РФМ)📷