Македонската машка кадетска ракометна репрезентација заедно со претставниците на РФМ, денеска беа примени од претседателот Стево Пендаровски.
Тој честитајќи им на ракометарите и стручниот штаб за успехот изрази задоволство од успешната промоција на македонскиот спорт во интернационални рамки со одличниот успех на освоениот трофеј на ЕХФ Европскиот шампионат за момчиња до 18 години кое што се одржа во Рига, Летонија.
“Импресионира патот до шампионската титула без ниту еден пораз и фактот што во идеалниот тим на шампионатот се избрани четворица македонски репрезентативци. Горди сме што кадетската репрезентација со супериорниот триумф ја продолжува традицијата на одлични резултати во македонскиот ракомет, како еден од нашите најуспешни спортови”, – изјави Стево Пендаровски.



(фото-РФМ)📷