Кадетската екипа на Прилеп забележа победа против екипата на Македонија Ѓорче Петров со минимални 32-31 во 1. коло од кадетската лига.
Во првото полувреме двете екипи го менуваа водството, но сепак на крај во последните неколку минути беше неизвесно за на крај тимот на Прилеп да слави победа против Македонија Ѓорче Петров.
Најефикасни во редовите на Прилеп беа Марио Столески и Божидар Тодороски со по девет гола, додека кај Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Никола Кузевски со 12 гола.

(фото – Рк Прилеп)📷