Кадетите на Прилеп на гостински терен ја совладаа Струга

Кадетската екипа на Прилеп во рамки од 2. коло од кадетската лига ја совлада екипата на Струга на гостински терен со резултат 36-32.

Иако тимот на Струга во првото полувреме имаше водство, сепак тимот на Прилеп направи пресврт, па на крај заслужено да слави победа.

Најефикасни во составот на Прилеп беа Марио Столески и Бојан Наскоски кои постигнаа по осум погодоци.

На голот одличен беше и тандемот Дамјан Талески и Ангел Китаноски кои му помогнаа на Прилеп да прослави победа во Струга.

(фото – Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *