Кадетите на Прилеп на прием кај градоначалникот Борче Јовчески (ФОТО)

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, приреди прием за кадетите на Прилеп кои го освоија второ место на турнир во Грција.

Младите ракометари го освоија второто место, остварувајќи 6 победи од 7 натпревари и достојно го претставија Прилеп надвор од границите на Македонија.

“Како Локална Самоуправа, остануваме посветени на поддршката на спортот, особено на младите генерации кои се иднината на нашиот град. Ќе продолжиме да инвестираме во вакви талентирани деца, кои со труд и дисциплина растат во вистински спортисти и горди претставници на Прилеп”, – стои во објавата на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.

(фото – Фејсбук/Борче Јовчески)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *