Кадетите на Прилеп слават победа против Преспа во Ресен (ФОТО)

Кадетската екипа на Прилеп им се врати на победите во кадетската лига, откако во Ресен ја совладаа екипата на Преспа со минимални 26-25 во натпревар од 4. коло.

Иако тимот на Преспа имаше водство, сепак со добра игра тимот на Прилеп се врати и на крај славеше победа.

Најефикасни во екипата на Прилеп беа Дамјан Јованоски со девет гола и Божидар Тодороски со пет гола. На голот одличен беше Дамјан Талески со 20 одбрани.

(фото – Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *