Паралелно со првиот тим на Куманово, активно се работи и во младинските категории во клубот.
Од вчера кадетите, пионерите и младинците на Куманово се на подготовки во спортскиот комплекс на “Благоја Истатов” во Дојран.
Вкупно 25 ракометари ќе работат и ќе се подготвуваат на физички и тактички план во пресрет на новата сезона, каде Куманово ќе се натпреварува во сите младински категории оваа година.

(фото – МРК Куманово)📷