Женската кадетска репрезентација на Македонија ја совлада кадетската репрезентација на Узбекистан со 38-30 и се пласира во главната рунда на Светското првенство.
Македонија на пауза имаше предност од 20-19. Во второто полувреме Македонија имаше контрола на резултатот за на крај да слави против Узбекистан.
Најефикасна во селекцијата на Македонија беше Борјана Коцева со девет погодоци, додека кај селекцијата на Узбекистан најефикасна беше Сапарбаева со десет погодоци.
(фото-РФМ)📷