Кадетките на Македонија загубија од Хрватска и се пласираа на 12. место на СП

Женската кадетска репрезентација на Македонија загуби од Хрватска со 32-28 и се пласира на 12. место на Светското првенство.

Хрватска добро го започна натпреварот и на полувреме имаше високо водство од 20-10. Во второто полувреме Македонија се обидуваше да се врати но не доволно за победа.

Најефикасна во составот на Македонија беше Емилијана Ризоска со девет погодоци, додека во составот на Хрватска најефикасна беше Жагар исто така со девет погодоци.

(фото-РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.