Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Мирче Калајџиески потпиша за словенскиот тим Херц Шмартно.
Мирче Калајџиески кој потекнува од Струга и настапува на позиција среден бек претходно настапуваше за словенскиот тим Гросист Слован, а во новата сезона ќе настапува за тимот на Херц Шмартно кој исто така е од Словенија. Калајџиески настапува и за кадетската репрезентацијата на Македонија.
“Решив да дојдам во Херц Шмартно поради мојата желба да напредувам. Тука гледам играчи кои имаат волја и желба за победа. Со нетрпение ја очекувам сезоната што доаѓа и верувам дека со труд и силна желба ќе стигнеме до првите места на табелата”, – изјави Мирче Калајџиески.

(фото – Рк Херц Шмартно)📷