Рк Еурофарм Пелистер 2

Каква сензација во Битола: Еурофарм Пелистер 2 го совлада Вардар!

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен во Битола, ја совлада екипата на Вардар 1961 со 27-26.

Од почетокот на играта се водеше тешка битка на теренот за резултатот, затоа што екипата на Еурофарм Пелистер 2 го имаше водството до крајот на првото полувреме. Вардарци правеа напори да се вратат и да го превземат водството но не успеваа, затоа што водството на полувреме го имаше Еурофарм Пелистер 2 со 14-11.

Почетокот на вториот дел Мартин Томовски со одбраните се обидуваше да го задржи Вардар, но нападот на Вардарци не успеваше за да се намали водството. На три минути до крај кога резултатот беше 24-24, Атанасијевиќ донесе водство за домашната екипата за на крај Еурофарм Пелистер 2 да го совлада Вардар и освои три бода.

Најефикасен во составот на Еурофарм Пелистер беше Павле Атанасијевиќ со шест погодоци, додека кај екипата на Вардар најефикасен беше Жереми Тото исто така со шест погодоци.

Рк Еурофарм Пелистер 2 27-26 Рк Вардар 1961

(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.